Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Љубиша Николовски во „Утрински брифинг“: Заев и Мицкоски се обраќаат на таргет-групи на гласачи

Лидерите на двете најголеми партии од македонскиот блок, премиерот Зоран Заев и опозиционерот Христијан Мицкоски преку својата предизборна реторика им се обраќаат на точно определени таргет-групи. Заев кон неопределените кои можеби се разочарани од неговата влада, а Мицкоски на своите но и на поддржувачите на Груевски.

Ова е заклучокот на долгогодишниот новинар Љубиша Николовски, кој при своето гостување во „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“, одговараше на прашањата околу предизборниот политички популизам.

-И Заев и Мицкоски имаат таргет на гласачи. Заев им се обраќа на неопределените кои можеби се разочарани од начинот на владеење. А СДСМ нема проблем со своите гласачи. Кај Мицкоски е малку поинаку, тој им се обраќа и на своите гласачи но и на оние меѓу нив кои се уште го идеализираат Никола Груевски. И тој е во момент ниту да расчисти со едните или со другите- вели меѓу другото Николовски за „Слободен печат“ во утринската емисија „Утрински брифинг“.

На политичарите, потенцира Николовски, кога им треба медиум лесно го наоѓаат, но потешко е да се добијат кога новинар ги бара за одговори.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК