Полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од МВР ноќеска спроведоа акција во угостителски објекти.
Според информациите, од 23.00 до 03.20 часот, извршиле контрола во угостителски објект во гостиварското село Добридол и претрес во куќа, каде биле затекнати осум женски лица, од кои пет странски државјанки (три од Р.Србија, една од Р.Црна Гора и една од Р.Хрватска), на возраст од 20 до 31 година, како и три македонски државјанки на возраст од 35 до 43 години.
Тие се приведени и задржани во Полциската станица Гостивар, поради сомение за нивна инволвираност во кривично дело посредување во вршење проституција./Makfax