10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ВМРО кочничарска ДПМНЕ блокира се што е добро за граѓаните и државата

Како што паниката од извесниот пораз расте во белиот дворец, така кулминира и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ кочничарска. Во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат носењето на законските измени за зголемување на пензиите за 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери, обвини СДСМ.

„Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителн број стечајци. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Кочат сѐ што не е по планот на Никола Груевски.

Ја кочат и демократијата. Поднесоа илјадници амандмани само за да спречат една изборна единица. Знае Мицкоски дека граѓаните не го сакаат и затоа не сака отворени листи, затоа што се плаши од гласот на граѓаните.

Го кочеа договорот од Преспа за да го кочат влезот во НАТО. Не го поддржуваат ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството.

Им пречели уставното име на земјата, истот име кое не им пречи кога шетаат по службени патувања, кога земаат плати, дневници и кога одат на меѓународни НАТО настани потпишани под името Северна Македонија.

Покажаа и дека се против Законот за висока раководна служба. ВМРО ДПМНЕ е против деполитизацијата и професионализацијата на јавниот сектор.

Но, најстрашно е што не знаеме за што се залага ВМРО ДПМНЕ. Немаат програма на 3 месеци пред избори. Наместо реална програма Мицкоски ветува мерки што веќе се спроведуваат и даваат резултати

ВМРО ДПМНЕ значи нестабилност, ризик и враќање на режимот. Затоа ќе изгубат на 12 април“ се наведува во партиското соопштение.