Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Фондот за иновации објави втор јавен повик за финансирање предлог проекти

Фондот за иновации и технолошки развој го објави вториот јавен повик за финансирање на предлог проекти. Вкупниот буџет за повикот изнесува 6 милиони евра. Со овој повик владата обезбедува до 30% во максимален износ од 10 милиони денари, а останатите 70% се влог на компаниите.

Во периодот на аплицирање за домашните компании ФИТР ќе обезбеди користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош. Дополнително, со цел информирање за деталите од повикот, условите и можностите за аплицирање, ќе бидат реализирани и повеќе информативни сесии во соработка со стопанските комори и други организации.

Рокот за аплицирање на јавниот повик по редовна постапка е 5 Февруари 2020 година (23:59 часот).
Рокот за аплицирање на јавниот повик по скратена постапка е 27 Декември 2019 година (23:59 часот).

Можеби ќе ве интересира

Тему итно повлекува еден продукт: Проверете дали го имате нарачано ова дома

ДЕСК

Се токмат нови цени на бензините во Македонија – Какви цени да очекуваме?

ДЕСК

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК