Centar.mk
фото илустративна фотографија
БИЗНИС

Тему итно повлекува еден продукт: Проверете дали го имате нарачано ова дома

Онлајн платформата Тему објави итно повлекување на еден од своите популарни производи, откако беа утврдени сериозни безбедносни ризици. Станува збор за декоративна таванска светилка изработена од ратан и бамбус, која во изминатиот период беше често купувана поради модерниот дизајн и ниската цена.

Според достапните информации, проблемот лежи во електричната изведба на производот. Кабелот не бил соодветно фиксиран, додека внатрешната инсталација имала недоволна изолација, што претставува потенцијална опасност.

Дополнително, постои ризик електричните жици да дојдат во допир со остри делови од конструкцијата, што може да предизвика краток спој, прегревање и во најлош случај – пожар.

Повлекувањето се однесува на сите купувачи кои ја нарачале оваа светилка пред 16 март 2026 година. Од компанијата апелираат корисниците веднаш да го исклучат производот од електричната мрежа и да прекинат со негова употреба.

Наместо тоа, се препорачува светилката да се одложи на соодветно место за електронски отпад или во центар за рециклирање.

Станува збор за моделот „Amansour Boho Chic“ таванска ламба со три светлосни тела, со ознака C0070 и идентификациски број 601099578195766. Повлекувањето се однесува исклучиво на производите со овие спецификации.

Можеби ќе ве интересира

Економската цена на војната: граѓаните ги трошат заштедите за да ги покријат зголемените трошоци

C +

ЕВН Македонија со волонтерска акција за почист Вардар

C +

Денови на детска кариера во Diamond Mall – архитект, инженер, уметник, форензичар, пчелар, лекар и флорист – професиите на возрасните поблиску до децата 

C +