Centar.mk
ЛОКАЛНОИЗБОРТОП ВЕСТИ

Скопјани денеска ќе ја прават најголемата елка од луѓе за Гинис

Плоштадот „Македонија“ во 13 часот ќе биде местото каде што скопјани ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе.Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани да дојдат на плоштадот и да се придружат на овој интересен потфат.

Формирањето новогодишна елка од луѓе е дел од програмата на „Винтерленд“. Настанот ќе биде збогатен со музичко- забавна програма, а за доброто расположение на учесниците ќе се погрижат Бени Шаќири и Нон стоп.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници. Денеска и Скопје ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Можеби ќе ве интересира

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК

Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација

C +

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +