Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Рамковски: Немаше ден да не ми се јави Груевски откако ќе завршеа вестите на А1

„Само гробот е полош од затворот. Првите денови во Шутка не можев да дишам. Бев 27 месеци во Шутка. Секој ден имав претрес скоро саат и пол траеше претресот. Психолошка војна“, изјави поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски , на денешниот панел на ЦИВИЛ, насловен како „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, пренесе Фронтлајн.

„28 месеци не можев да ја видам Емел, мојата ќерка која беше во другата зграда од затворот. Намерно не ми дозволуваа да може да се видиме, бар преку прозорец. Се радував на судењата зашто само таму можев да ја видам сопругата и ќерката. Груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен. И после три години Груевизмот ме плаши. Сите нè плаши“, рече Рамковски.

Инаку, за време на влеадеењето на Никола Груевски, Рамковски беше осуден на 13 години затвор, а одлежа седум во затворот „Идризово“.

Тој беше одсуден во случајот „Пајажина, за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители. Според обвинението, затаен бил данок од околу 5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК