16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шентоп: Турција е вечен пријател на Северна Македонија

Република Турција е вечен пријател на Република Северна Македонија, а споделените историски и културни вредности уште повеќе ги зближуваат двете земји, рече Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Турција, на средбата во Скопје со претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти собраниската прес-служба.

Шентоп изразил поддршка на реформската агенда и нагласил дека Турција останува силен поддржувач на евроатланското интегрирање на Северна Македонија и потврдил дека турската заедница во Северна Македонија дава значаен придонес во градењето и развојот на успешниот мултиетнички соживот во земјава.

Џафери изразил задоволство и честитки што посетата се реализира на овој значаен ден за турската заедница во Република Северна Македонија, односно 21 декември, Денот на наставата на турски јазик. Тој оценил дека интензивната комуникација на високо ниво меѓу Северна Македонија и Турција е показател на пријателството меѓу двете земји и силно придонесува за унапредување на севкупните билатерални односи, а особено на економската соработка.

Џафери изразил благодарност до Турција за континуираната поддршка за евроатланските интеграции на земјата, како и на турското собрание за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Тој посочил дека е особено значајна соработка во одбраната, а наши војници во моментов се дел од турскиот контингент во мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Спонзорирано: