Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Царинска управа: Не е точно дека се увезува кокс со сулфур

Царинската управа информира дека нафтениот кокс е слободен за увоз, односно не подлежи на мерки за трговска политика. Ваквата информација доаѓа по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта, наместо за здравјето на граѓаните, се грижи за профитот на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики.

„Изречените тврдења дека во Република Северна Македонија се увезува кокс кој содржи 18% сулфур категорично тврдиме дека се неточни, согласно сертификатите за квалитет кои се приложени при увоз на коксот. Што се однесува до увозот на отпад, Царинската управа потврдува дека не станува збор за неконтролиран и нелегален увоз на отпад“, се наведува во соопштението.

Царинската управа, додаваат од таму, кога се работи за постапки кои се однесуваат на легислатива во надлежност на други институции, ги применува насоките добиени од институциите во чија основна надлежност се законите кои се применуваат.

„За правилно спроведување на нетарифните мерки повеќе институции согласно пооделни закони имаат надлежност да издаваат дозволи, одобренија или согласности за соодветната царинска постапка. Царинската управа дозволува увоз на отпад единствено со дозвола за увоз издадаена од надлежната институција – Министерството за животна средина“, велат од Царината.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК