– Тиго Фајнанс одбележува две години од своето работење на македонскиот пазар. За овој релативно краток период, компанијата успеа да постигне значителни резултати и да внесе позитивни промени во целокупниот финансиски сектор, иако припаѓа на индустрија која има скромни 0,44% удел во вкупните средства.
Во досегашното работење, Тиго Фајнанс ја презеде пионерската улога кога станува збор за достапност на услугите на небанкарските финансиски друштва, како и за подигнување на стандардите за брзината и ефикасностa на индустријата, овозможена од дигиталните и технолошки напредни алатки за детална и сеопфатна проценка на кредитоспособноста на лицето кое аплицира. Заложбите на Тиго за обезбедување на врвно корисничко искуство преку понуда на услуги кои ги пресретнуваат потребите за финансиски средства во најпотребните моменти и градење на взаемна доверба со клиентите, го прават Тиго еден од трите водечки „Top of mind“ брендови во финтек индустријата.
“Ни претставува особено задоволство што денес гордо можеме да се пофалиме со нашите достигнувања за само две години. Со нашето влегување на пазарот воведовме сосема ново ниво и стандарди за корисничка услуга и достапност на небанкарските финансиски услуги, и понатаму придонесувајќи за финансиската инклузија на општеството. Покрај понудата на услуги кои се потребни, па дури и неопходни за граѓаните, нашата улога и важност е евидентна и преку влијанието што како компанија го имаме врз социјалните и економските параметри во земјата, како и нашиот придонес кон општествените вредности. Врз основа на постигнатите резултати и целите за следната година, остануваме одговорен кредитор, со уште поамбициозни планови за развој на бизнисот и индустријата, зголемена динамика на активности и иновации, како и континуирани инвестиции во заедницата”, изјави Филип Димитровски, извршен директор на Тиго Фајнанс.
Во насока на проширување на достапноста на услугите на Тиго Фајнанс, согласно барањата и потребите на клиентите, компанијата во 2019 г. започна процес на експанзија на својата продажна мрежа и отвори нови 16 филијали, достигнувајќи продажна мрежа од 26 филијали во 19 градови. Со тоа, компанијата дополнително го потенцираше својот приоритет за обезбедување на супериорна корисничка грижа за клиентите на сите канали кои тие ги преферираат, дигитални и физички.
Трендот на раст на деловните операции беше проследен и со пораст на директното и индиректното влијание на компанијата врз економијата. Тиго денес обезбедува стабилни приходи за повеќе од 100 вработени, а со своето работење придонесува 23,8 милиони денари кон државниот буџет, преку ДДВ, персонален данок, данок на добивка и социјални придонеси.
До денес, Тиго оствари соработка со над 250 добавувачи, реализирајќи плаќања кои достигнуваат и до 70 милиони денари и кои индиректно придонесуваат кон одржливост на нивните приходи и вработување.
Тиго Фајнанс е едно од друштвата основачи и член на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, чии цели се заштита и едукација за правата на клиентите, како и регулација и развој на финтек индустријата.
Повеќе информации за услугите на Тиго Фајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.