Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Татиниот асистент, Христијан Мицкоски, лаже за своето образование, се срами или го потценува нашиот Универзитет

-Татиниот асистент, Христијан Мицкоски, под притисок на јавноста се обиде да се оправда за своите лаги дека магистрира и докторирал во Италија и Германија, но дополнително се заплетка, рече Стефан Васев од СДСМ.

-На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски рече дека бил стипендист на италијанската влада, дека таму поминал магистратура а докторат во Германија.

Вчера, од белиот дворец Мицкоски рече дека не е така.

За Мицкоски е нормално да лаже за сопственото образование.

Може само да замислиме колку лаже за политика.

Мицкоски го потценува Универзитетот Кирил и Методиј.

Или се срами што станал асистент кај својот татко на Машинскиот факултет?

Ваквото лажно однесување на Мицкоски е многу лош пример.

Каква порака им праќа Мицкоски на младите?

Човек кој станал асистент кај сопствениот татко, кој научните трудови ги пишувал заедно со татко му ги лаже граѓаните за своето образование, го омаловажува Универзитетот Кирил и Методиј.

Затоа младите не му веруваат на Мицкоски и затоа младите на 12 април ќе бидат предводници во победата над погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, рече Васев.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +