7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Боки 13 – Врз моите плеќи се одвиваат политички игри

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во воведното обраќање на денешното прво рочиште за случајот „Рекет“ рече дека не се чувствува виновна и знае дека ОЈО нема докази за да докаже нејзината вина.

„Горда сум на СЈО и на тимот што го водев како и на постигнатите резултати. Сè што направив во СЈО ќе биде основа за изучување на идните генерации. Во изминатите четири години се изложува себе си и мојата фамилија на голем ризик. Сè уште одам со крената глава“, рече Јанева.

Таа рече дека јавната обвинителка која го води случајот го инструира предметот.

„Се надевам дека не се плашите од нејзините зборови дека ќе ги тресе судиите од гаќи“, рече Јанева за обвинителката Вилма Русковска.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, рече дека сè она што и се става на товар на Јанева, од обвинителниот акт произлегува дека е дел од нејзините овластувања како шеф на СЈО.

Првообвинетиот Бојан Јовановски вели дека ќе сведочи и дека ќе ја каже вистината. Тој рече дека го чекал моментот кога ќе може да зборува, зошто пет месеци бил мета на јавен линч. Боки 13 вели дека случајот несреќно е наречен Рекет и дека на неговите плеќи се одвивале валкани политички игри. А со вештачењето на камерата од домот на неговото семејство ќе се покажело кој заминал со торбата со пари. Јовановски вели дека колку време во кафеани седел со Јанева, толку време седел и со обвинителката Вилма Русковска, која го води случајот.

Неговиот адвокат Сашко Дукоски, по завршување на денешното рочиште рече дека очекува фер и праведно судење и еднаков третман на сите во постапката. На прашањето за парите, Дукоски рече дека никаде не спомнале дека се земени пари.

Спонзорирано: