3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР: Приведени се две лица за настанот во „Александар палас“, во моментов не соопштуваме детали

Од МВР вечерва информираа дека во акцијата биле приведени две лица поврзани со пукањето во Александар Палас.

Од МВР не сакаат да соопштат повеќе детали, коментирајќи дека во тек е опсежна полициска операција.

„Изминатото деноноќие полицијата превзеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во Александар палас. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, велат од МВР.

Полициската станица Карпош вечерва е под опсада поради операцијата.

Пред два дена во хотелот „Александар Палас“ во Скопје имаше пукање од огнено оружје.

Трагите за напаѓачите се претпоставува дека водат кон скопско Арачиново во чија близина беше и пронајдено возилото што го користеле напаѓачите. Автомобилот „Фолксваген Туарег“ бил целосно пеплосан по нападот, а внатре биле пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „калашников“.

Според информациите од МВР, завчера вечерта, додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема.

Спонзорирано: