Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“За жал Никола Груевски не е уапсен во Будимпешта” – Министерството за правда со соопштение по лажната вест

Министерството за правда демантира дека поранешниот премиер и екслидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега во Унгарија, е уапсен.

„Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција. На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски – уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека во прилог на ова е последниот допис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство.

„Унгарското Министерство за правда исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту какви било други мерки против Никола Груевски“, се истакнува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК