23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Проектот „Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности“ на УСЈЕ доби национална награда за Најдобра општествена одговорна практика

Скопје, 02.12.2019 – Во категоријата „Односи со зедницата“ за проектот „Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности“ Цементарница УСЈЕ АД Скопје доби признание што го доделува Националното координативно тело за општествена одговорност и Министерството за економија. Наградата УСЈЕ ја доби во категоријата „Големи компании“ за успешно спроведен проект во текот на 2019 година.

УСЈЕ, во соработка со Архитектонскиот факулет од Скопје, започна проект за реконструкција и подобрување на изгледот на фасадите на силосите и на дел од инсталациите. Во рамките на овој проект, УСЈЕ распиша конкурс на кој беа пријавени 25 идејни решенија изработени тимски или поединечно. Најдобрите четири решенија избрани од стручна комисија, беа откупени по што беше изработен проект за реализација. Првата фаза на проектот е веќе имплементиран и дел од инсталациите на УСЈЕ добија нов изглед. Покрај оваа активност, во рамките на проектот „Соработка за поквалитетно обазование и кариерни можности“, беше донирана и дигитална опрема за Факултетот за електротехника и информациски технологии, Усје учествиваше во САРКОС РИЛЕМ проектот заедно со Технолошко-металуршкиот Факултет од Скопје, а и во континуитет се реализира Програмата за практикантска работа во УСЈЕ во партнерство со училиштата.

„Поддршката на образованието за младите и создавање на подобри услови за едукација и практична работа се проекти на кои посветено работиме повеќе години. Преку соработката со релевантите институции секогаш се обидуваме да најдеме начин за проширување на овие проекти за на младите да им понудиме можности да се едуцираат во современи услови, но и да ги реализираат своите идеи. Оваа награда ни е особено драга, бидејќи е признание и за компанијата, но и за сите наши партнери кои се дел од овој проект“, истакнаа од УСЈЕ.

Во изминатите 10 години УСЈЕ неколку пати е носител на национално признание за општествено одговорни практики.

Инаку, Цементраница УСЈЕ од 2008-та година е потписничка и членка на Глобалниот договор на Обединетите нации (ОН) што ја обврзува да ги почитува принципите на општествено одговорно делување во областите на заштитата на животната средина, човековите и работничките права, антикорупциското делување и коропративното управување и лидерство.