Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Нови проекти за Радовиш што се развива во модерена и урбана општина 

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Во изминатиот период реализирани се и започнати бројни проекти во Радовиш во инфраструктурата, образованието, спортот, културата, животната средина и локалниот економски развој.

Во тек е реализација на договор за уредување на јавни површини, поставување на бекатон во градот Радовиш и населените места, завршена е реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“, се реализираа активности поврзани со регулацијата на Ораовичка Река, во село Воиславци се реализираше регулацијата на поројот и изградбата на улица по трасата на поројот, при што проектот влезе во завршна фаза, продолжи изградбата на обиколницата „Малешевски пат“ кај село Подареш.

Во период од една година во Радовиш посебен фокус е ставен на младите, со субвенции за возачки дозволи и велосипеди, униформи за првачиња, поддршка за матурантите и ослободување на младите до 35 години од комуналии при изградба на нов дом.

Беа доделени субвенции за добивање возачка дозвола, при што 91 млад човек го оствари правото на субвенција во износ од 12.000 денари, беа доделени 25 субвенции за купување велосипеди, на учениците од прво одделение им беа обезбедени ученички униформи, на матурантите и полуматурантите им беа покриени трошоците за матурската прослава, беа наградени и одликувани образовните работници по повод Денот на просветните работници.

Посебно значајна беше мерката за ослободување на младите до 35 години од плаќање комуналии при изградба на нов дом. Интересот за оваа мерка покажа дека постои реална потреба од создавање услови младите луѓе да останат, да градат домови и да го планираат својот живот во Општина Радовиш.

Во Радовиш се инвестира и продолжува со инвестиции во улици, јавни површини, спортски и културни објекти, Градскиот пазар, противпожарната единица и подобри јавни услуги.

Целта на локалната самоуправа во Радовиш е јасна, Радовиш да биде современа, развиена и модерна општина, во која младите ќе остануваат, ќе создаваат семејства и ќе ја градат својата иднина.

Заедно создаваме подобар Радовиш.