Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Аеродром формира совет за социјална заштита

Советот на Општина Аеродром на последната седница донесе одлука за формирање општински совет за социјална заштита со цел да се обезбедат квалитетни социјални услуги за граѓаните.

„Овој совет ќе биде составен од претставници на општинската администрација, на полицијата, на Министерството за труд и социјална политика, на здруженија на граѓани, како и на основните училишта и градинките на подрачјето на Општината“, се наведува во соопштението.

Од Општина Аеродром појаснуваат дека советот ќе има задача да изготви социјален план за територијата на Општината, да ги мапира социјалните проблеми и ранливите групи во Општината, да изврши анализа на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјалните услуги во Општината.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март

C +

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК

Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација

C +