Centar.mk
фото Општина центар
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!”

„По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. Влезот е слободен, а добредојдени се сите вљубеници во убавиот збор и музиката“, рече Герасимовски.

На настанот, поддржан од Општина Центар, ќе настапат триесетина истакнати македонски поети кои ќе ги презентираат своите стихови. Поезијата ќе се спои со музиката на Зарина Првасевда, а по поетското читање ќе следува забава со иновативните звуци на „Поетроника“.

Ќе бидат читани и песни што оставиле трага во македонската поезија, а чии автори повеќе не се меѓу нас. Настанот е и најава за „Антологија на патот“, продолжение на проектот „Антологија на копнежот“ на Виолета Танчева-Златева.

Со настанов воедно се одбележува и Светскиот ден на поезијата, а во наредниот период Општина Центар во својата програма предвидува низа проекти од сферата на културата меѓу кои: „Светски ден на уметноста“, „Прослава на животот на Горан Стефановски“, како и „Тематски прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на општината“.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК