Centar.mk
ИЛУСТРАТИВНА СЛИКА / фото МВР
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ЧЕТИРИГОДИШНО СКОПЈАНЧЕ ВО АВТОБУС: Судир меѓу автомобил и автобус во центарот на Скопје, возачот на колата побегнал

На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ПОНЕДЕЛНИК НОСИ ОБЛАЦИ И ЛОКАЛЕН ДОЖД – Еве какво време нè очекува на почетокот од работната недела

ДЕСК

ВНИМАНИЕ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Сообраќајот се одвива со девијации на повеќе делници

ДЕСК

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО ВАШАТА НАСЕЛБА? – Електродистрибуција има официјална мапа со локации и термини

ДЕСК