24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Куманово ќе додели 5.000 евра помош за Драч

Општина Куманово издвои 5.000 евра од буџетот кои ќе бидат искористени за купување хигиенски средства и храна за жителите на Драч, по силниот земјотрес во вторникот.

Ваквата одлука била донесена на денешната вонредна седница на Општината.

„Од средствата на буџетот на општина за 2019 година, ќе се исплатат парични средства во износ од 300.000 денари. Средствата ќе се искористат за набавка на прехранбени и санитарно – хигиенски производи кои ќе бидат донирани како хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во збратимената Општина Драч, Република Албанија“, соопштија од Општина Куманово./Makfax