17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во дете во Аеродром

Дете со тешки повреди било пренесено во болница, откако во утринските часови на 27. ноември во него удрил автомобил, на сервисна улица од булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром.

Како што информираат од МВР, автомобил „хјундаи“, управуван од 30-годишен возач од Скопје, удрил во детето кое добило тешки повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот извршен е увид од полициска екипа од СВР Скопје./Makfax

Спонзорирано: