24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за скопјанец за расистички статус на „Фејсбук“

Полицијата поднесе кривична пријава против едно лице од Скопје за објавување на расистички и ксенофобични објави на „Фејсбук“.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до скопското обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Д.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Според информациите на МВР, пријавениот објавил статус на „Фејсбук“ на 26 ноември кој бил со расистичка и ксенофобична содржина./Makfax