Лабрадор обучен за пребарување и спасување преживеани од урнатини е дел од македонскиот тим, кој заедно со припадници на Дирекцијата за заштита и спасување синоќа замина во Албанија, како дел од спасувачките екипи кои трагаат по повредите од разорниот земјотрес.
Според последните информации, бројот на жртви порасна на 25, а има над 650 повредени. Македонскиот лабрадор не е единственото куче трагач кое што ќе учествува во спасувачката акција. Хрватските медиуми вчера објавија фотографија од кучиња-трагачи од земјата кои со авион беа однесени во Тирана. Во потрагата по преживеаните учествуваат и германски кучиња – трагачи, обучени за пребарување под урнатините./Makfax