Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев на ФБ: Кој е збунет? Кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против Мицкоски? Кој ја објави вистината за неспособноста на Мицкоски и за драматичниот пад на производството на струја во нивно време?

-Кој е збунет? Кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против Мицкоски? Кој ја објави вистината за неспособноста на Мицкоски и за драматичниот пад на производството на струја во нивно време? – праша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

„Конфузијата оди до таму што нивниот центар за комуникации објавува соопштенија во кои со бројки и факти потврдува дека во нивно време, времето кога Мицкоски бил директор на ЕСМ (ЕЛЕМ), драматично паѓало производството на електрична енергија. Спротивно на тоа, во периодот од 2017 и 2018 година имаме стабилизација и раст на производството на струја.

Погледнете ги бројките објавени од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, a се однесуваат на производството на ЕСМ:

– во 2013-та година 5 113 GWh
– во 2014-та година 4 741 GWh
– во 2015-та година 4 471 GWh
– во 2016-та година 4 382 GWh
– во 2017-та година 4 228 GWh
– во 2018-та година 4 273 GWh

ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува факти кои ја потврдуваат неуспешноста на Мицкоски. Тој беше најнеуспешниот директор на ЕСМ, а денес е најнеуспешниот лидер на опозицијата.“ – напиша Заев на социјалната мрежа.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +