Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Љупчо Николовски: Посебно сум горд на денес воведената нова мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки со 3.000 евра

Фејсбук статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ:

Посебно сум горд на денес воведената нова мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки со 3.000 евра. Како министер ми беше предизвик целосната реализација на оваа нова политика.

Креирањето на мерката за Поддршка на жените во руралните средини е позитивен пример за учество на сите чинители во процесот на зајакнување на позицијата на жените претприемачи во земјоделството.

Како Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство формирав работна група за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените.
Работната група беше составена од претставници од повеќе владини институции но и Националната федерација на фармери, невладини организации, Fakultet Za Zemjodelski Nauki I Hrana, како и UN Women Skopje. Заедничката работа заедничкиот труд, залагање, напор, го гледаме денеска преку успешна реализација на оваа мерка.

Честитки и благодарност за сите што дадоа свој придонес. Тоа е витиски начин, тоа е прав пат!

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +