Политичкиот активизам е убава работа. Особено за младите. Низ мојата политичка кариера сфатив дека примарната цел на политичарот треба да биде обединувањето, објави Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ од струмичкиот регион попладнево на социјалните мрежи.
– Од таа причина веднаш одговорив на предизвикот на младите од вмро-дпмне и секако дека и во иднина ќе одговарам. Верувајте тоа е начинот за сите подобро да функционираме. Откако ЈПДП, директорот Китанов го асфалтираше патот и го реши проблемот со собирањето на водата, јас имам еден предизвик до младите и од СДСМ но и од ВМРО-ДПМНЕ. Околу тој дел кај што се собираше вода има простор да засадиме дрвца и цвеќиња кои можат да се засадат овој период од годината. Јас ќе купам дрвца и цвеќиња а вие заедно засадете ги. Пуштете ја пораката, од Струмица, пораката на обединувањето и заедништвото и спремноста заедно да се залагаме за нас, за државата, без разлика на партиската и било каква друга определба. После тоа пак може да имаме различни ставови по многу прашања, различни идеологии… Младино вие сте на потег, напиша Костадинов повикувајќи ги првите луѓе на подмладоците на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во Струмичкиот регион.
-Сето ова наиде на голема поддршка од јавноста, но за да биде уште по-успешно да и да покаже дека и двете спротиставени страни се обединуваат, ваквиот предизвик наиде на прифаќање и од страна на младите на СДСМ и од страна на младите на ВМРО ПДМНЕ.
Претседателите на СДММ Струмица и УМС Струмица го прифатија предизвикот.
Ова е прв но многу важен чекор во креирањето на заедништвото.
До викендот ќе обезбедам што е потребно и во Сабота или Недела, прво ќе пиеме кафе па ќе одиме на местото каде што ќе ги засадиме дрвцата.
Браво млади 👏, напиша Костадинов, по повод прифаќањето: