12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Стефан Величковски сними кавер-верзија на најубавата балада од Тоше Проески

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски ја обработи најубавата балада на Тоше Проески и сними видео за неа.

– Годините поминуваат, но спомените остануваат… Затоа во твоја чест, најголем меѓу најголемите Тоше Проески, ја испеав една од твоите најубави балади со надеж твојот лик и дело никогаш да не згаснат, напиша Стефан под видеото од кавер-верзијата.

Аудио обработката на песната Још увек сањам да смо заједно ја направи Дарко Ристовски, а видеото е снимено во просториите на продукцијата „ДРД Медиа“.

Величковски годинава повторно учествува во „Ѕвездите на Гранд“ и негов ментор е рокерот Ѓорѓе Давид Николиќ. Минатата година негов ментор беше атрактивната пејачката Вики Миљковиќ која лавовски се бореше за него.