Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шекеринска од Ресен: Успеавме минималната плата да ја покачиме на 14.500 денари иако ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се трудеше да го спречи зголемувањето

ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се трудеа да го спречат зголемувањето на минималната плата, само се потпишуваа на собраниските седници, каде се предлагаше законот за минимална плата, земаа дневници и си заминуваа, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Ресен.

Цели 11 години зборуваа дека зголемувањето на минималната плата е невозможно, а ја изградија најголемата зграда што и припаѓа на некоја партија во Европа-белиот дворец. Ние рековме, ќе водиме сметка во сите сектори, пари за граѓаните мора да обезбедиме, и успеваме. СДСМ ја покачи минималната плата на историски 14.500 денари односно за 5.500 денари. Социјалната помош ја зголемивме за 300%, значи тројно, додаде Шекеринска.

Отворивме над 50.000 работни места што значат над 50 илјади плати повеќе и повеќе што влегуваат во фондовите, истакна Шекеринска, додавајќи дека ако растат платите мора да растат и пензиите.

Го стабилизиравме фондот. Секој пензионер од почетокот на идната година ќе има пензија повисока за 700 денари месечно, а со усголасување со порастот на платите таа ќе се зголеми до 900 денари, што годишно е над 10 илјади денари потенцираше потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Ресен.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +