Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Променливо облачно време со можност за дожд попладне

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, а наместа умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што додаваат од таму, во текот на денот облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и во ноќните часови ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи и со засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со слаб ветер од југоисточен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува, во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК