12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Акција за пошумување на ридот над Баир

Денеска, со почеток во 10 часот, ќе се одржи акција за пошумување на ридот над населбата Баир во Битола. Просторот каде што се планира реализирање на акцијата „Зелен Баир“ е поранешна борова шума, која во изминатите 15 години е целосно уништена од пожари.

Во акцијата за пошумување на ридот Зелен Баир ќе учествуваат волонтери од повеќе граѓански организации од Битола, а тимот што ја спроведува оваа акција ќе биде достапен за изјави за медиумите додека трае работната акција од 10 до 11 часот.

Акцијата за пошумување на ридот Зелен Баир се реализира во рамките на „Активни граѓани за добро владеење“, активност што ја имплементира Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје (Форум – ЦСИД) со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Во изминатите четири месеци Форум – ЦСИД спроведуваше активности во Пелагонискиот Плански Регион, при што се формира неформална група граѓани од општина Битола, кои добија поддршка за реализирање на оваа акција.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи

C +

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

C +

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +