24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Скопската полиција казни 37 возачи поради пребрзо возење

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 15.11.2019 во периодот од 6 до 24 часот, спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 37 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 17 останати прекршоци, за кои се издадени седум мандатни платни налози и 10 прекршочни платни налози./Makfax