Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и меѓународниот секретар, Дане Талески во рамки на посетата на Стокхолм имаа билатерална средба со претставници на шведската социјалдемократска партија, Социјалдемократерна: Кенет Форслунд, претседавач на партиската Комисија за надворешни работи и Пири Ниеми, пратеник и член на Комисијата за надворешни работи.
На средбата се разменети мислења и искуства за социјалдемократските политики и практики, со оглед дека шведските социјалдемократи се голема партија со вековна традиција и големи пријатели на СДСМ и на Република Северна Макрдонија, чии искуства се драгоцени.
Николовски и Талески истакнаа резултати од социјалдемократските политики во нашата земја, коишто резултираат со зголемен социјален пакет за 300 проценти, повисоки плати и пензии, 54.000 нови работни места, повеќе субвенции за земјоделците, инвестиции во здравството и во образованието.
Констатирано е дека двете социјалдемократски партии имаат иста политичка мисија: слобода, еднаквост и социјална правда и дека за овие вредности ќе има можност уште поактивно да се заложуваат преку Прогресивната алијанса, глобално движење на прогресивни сили, каде што СДСМ стана дел од лидерството на 140 партии и организации од над 80 земји од целиот свет.
Генералниот секретар на СДСМ, Николовски и меѓународниот секретар на СДСМ, Талески се заблагодарија на колегите од Шведска за искреното пријателство, досегашната успешна соработка и големата поддршка за нашата држава.