Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уништуваше зелени површини и паркови, а денес глуми загриженост за садници кои се заболени токму поради нивната долгогодишна негрижа

Соопштение за јавност на СДСМ како реакција на изјава на Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ уништуваше зелени површини и паркови, а денес глуми загриженост за садници кои се заболени токму поради нивната долгогодишна негрижа

ВМРО-ДПМНЕ партијата која го уништи зеленилото во Скопје заради бизнис интерси, денес и лажна загрижност за дрвјата.

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за зеленилото докажуваат масовните сечи на на Водно, уништувањето дрвореди и цели паркови кои често се правеа во доцните утрински часови.

Истото ВМРО-ДПМНЕ денес лицмерно глуми загриженост за дрвја кои ќе бидат заменети со нови садници.

Како што јавно објавија институциите, Општина Центар, Град Скопје, станува збор за заболени дрва со габични инфекции, кои ќе бидат заменети со нови садници веќе в понеделник, додека вакво менување на заболени садници се случувало и претходно.

Дрвата се заболени токму поради долгогодишната негрижа на тогашната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, а денес се санираат штетите.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +