Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петров: Партиите треба да имаат консензус за прашања важни за граѓаните, но ВРМО-ДПМНЕ го кочи Законот за минимална плата и не се оградува од насилството

Политичката функција не треба да претставува личен успех, туку за мене тоа е начин како да се донесат позитивните промени во државата, порача потпретседателот Коста Петров во синоќешното гостување во емисијата „200“ на Телевизија Алсат.

Запрашан за мотивите за вклучување во политиката, Петров истакна дека неговиот мотив за влез во политиката биле настаните од 27 април во Собранието.

– Си реков дека не сакам да живеам во држава каде се случуваат вакви работи, посочи Петров, додавајќи дека се до денес за жал ВМРО-ДПМНЕ се уште се нема оградено од овој настан.

Петров се осврна и на политичкото делување на СДСМ но и на останатите партии, потенцирајќи дека сите мора да изградат консензус за прашањата што се во интерес на сите граѓани.

– Ако сакаме да покажеме политичка зрелост, треба сите партии да застанеме зад прашањата што се во интерес на сите граѓани, како што се чистиот воздух, ЕУ, НАТО, зголемувањето на минималната плата. За жал гледаме деновиве дека тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија во Собранието го кочи Законот за минимална плата, а од него придобивка имаат сите граѓани, порача потпретседателот Петров.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК