Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лекарите добиваат рекордно покачување на платите до 40 отсто

По постигнатиот договор за покачување на платите за здравствените работници, од февруари в година, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оценува дека се работи за рекордно покачување со кое се враќа достоинството на вработените во здравството.

По подтигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25 отсто, а на медицинските сестри за 10 проценти.

„Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40 проценти, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти“, велат од СДСМ и додаваат дека платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот Центар на Хируршките Клиники и на Интерните Клиники, со новото покачување ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари.

Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари, велат од СДСМ.

Во текот на следната година, додава партијата, предмет на дискусија ќе биде зголемување на болничко-техничкиот персонал и администрацијата која работи во здравството.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК