Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: За подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион. Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан, напиша изутринава на Фејсбук премиерот Зоран Заев по вчерашната средба на лидерите од регионот за иницијативата за регионална соработка оценета како „мал шенген”.

– Слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти; Ефикасни гранични премини каде контролите работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи; Постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите; асилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации; Зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации; Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди- наведува Заев на ФБ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +