Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Шекеринска од Свети Николе: Наместо на споменици, ние покажавме дека парите можат да се инвестираат во 500 километри патишта, 43 градинки, училишта, водоводи

Додека ВМРО-ДПМНЕ велеа дека сите пари мора да одат на споменици и статуи, ние покажавме дека парите можат подобро да се инвестираат, во патишта, градинки, училишта, рече вечерва заменик претседателката на СДСМ во Свети Николе.

-За само 2.5 години изградивме и обновивме над 500 километри патишта, изградивме или реконструиравме над 43 нови градинки. Затоа што ние сме фокусирани на вистинските приоритетите. Над 300 милиони евра се влезени од државата во земјоделието, кои не треба да ги гледаме како трошок, туку како шанса граѓаните да добијат повеќе, да инвестираат и да добијат поквалитетно и подобро производство. Тоа е прав пат-истакна Шекеринска.

Во тренд…