Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Шекеринска на граѓанска трибина: Како никогаш досега ги покачуваме платите во здравството, од 23 до 40%, во образованието до 20%, ќе растат и пензиите

Пред граѓаните ветивме дека ќе ги намалуваме трошоците, а дека платите ќе ги зголемуваме и тоа денес го правиме, истакна заменик претседателката Радмила Шекеринска на трибина во Свети Николе.

– Денеска со задоволство соопштивме дека повторно дополнително ги зголемуваме платите во здравството. Ги зголемуваме платите за лекарите, но и за целиот здравствен кадар како и медицинските сестри. За 2.5 години платите се покачени од 23% до 40% за лекарите специјалисти но и за медицинскиот персонал. Само пред неколку дена, соопштивме дека за првпат во оваа држава, за само две и пол години успеавме платите на наставниците да ги зголемиме за 20 отсто. Се можело, ама за 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ тоа не се случуваше, порача Шекеринска.

Заменик претседателката се оврсна и на новиот Буџет кој наскоро ќе се најде во собраниска процедура.

– Очекувам во следните денови да излезе и конкретниот Предлог Буџет со кој ќе покажеме дека ги зголемуваме платите, но се зголемуваат и пензиите. И тоа го гледаме и како шанса да се подобрат семејните буџети, но и како долг кон оние кои работеле и создавале, заклучи Шекеринска.

Во тренд…