Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Вучиќ: Тука не правиме Југославија, туку поквалитетен живот за нашите граѓани

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Охрид изјави дека договорот што го постигнале со Заев и Рама, ќе им овозможи на граѓаните од Србија, Северна Македонија и Албанија да патуваат од една во друга земја само со лична карта.

Тој нагласи дека овој договор е за доброто на граѓаните на трите земји и дека не се плаши од притисок од неговата земја.
„Тука не правиме никакви Југославии, туку работиме на подобар и поквалитетен живот на граѓаните. Нема никаков амбиент на омраза и нетрпение“ рече Вучиќ.

Со заедничко обраќање пред новинарите завршува состанокот на лидерите од Западен Балкан. Во Охрид денеска разговараа српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и македонскиот премиер, Зоран Заев, претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Ѕвиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

На синоќешниот состанок Вучиќ, Заев и Рама постигнаа договор за заеднички работни дозволи и премин на границите без пасош. Како што објасни Вучиќ, договорот ќе овозможи во случај кога исти инвеститори работат во Србија и Северна Мекедонија, ќе можат да разменуваат работници и инжењери.

Во тренд…