26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Растат платите на сите припадници на Армијата од 3.000 до 6.000 денари

-Растат платите на воениот персонал, офицерите, подофицерите и професионалните војници, така и за цивилните лица на служба во Армијата. Во зависност од чинот платите за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари. Покачувањето на платите на припадниците на Армијата е извршено етапно и изнесува 15 отсто. Првото зголемување од 10 отсто е обезбедено од први јануари 2018.година, а второто зголемување од дополнителни 5% е обезбедено од први септември 2019.година, соопшти СДСМ.

-Со овие зголемувања обезбедивме значителен пораст на основните плати, имајќи го во предвид фактот што претходно платите на вработените во Армијата беа повеќе години наназад замрзнати. СДСМ покажува што значи вистинска грижа за припадниците на Армијата и ги исправа децениските неправди и негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Народот денес е побогат од времето на СДСМ, тврди ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

До петок сончево, од сабота невреме – Метеоцентар со четиридневна прогноза

ДЕСК

Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија

ДЕСК