15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Немате време да спиете? Еве како да бидете нови за само 20 минути

Ако сте поспани и сакате да се разбудите, а покрај тоа имате само 20 минути еве предлог кој би требало да го испробате. Се` што ви е потребно е да испиете филџан кафе и потоа кратко да дремнете.

Конвенционално e мислењето дека кафето го пореметува сонот, но ако кофеинот стигне во вашиот организам веднаш пред да заспиете и ако отспиете 20 минути или помалку ќе ви годи на два начина: ќе бидете одморени, а ќе се зголемат и активностите во мозокот.

Експериментите покажуваат дека комбинација на пиење кафе со кратка дремка, е подобра од самото пиење кафе или само дремка.

Експериментот кој е спроведен на Универзитетот во Велика Британија покажува дека уморните луѓе кои испиле кафе, а потоа кратко дремнале и тоа само 15 минути, направиле многу помалку грешки на симулаторот за возење, отколку кога им дале само кафе или кога само дремнале.

Спонзорирано: