23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Кетрин Денев имала мозочен удар

Француската актерка Кетрин Денев е во болница во Париз откако претрпе благ мозочен удар, соопшти нејзиното семејство.

Во изјава за новинската агенција АФП објавена во средата, нејзиниот агент вели дека нема оштетување на нејзината моторна функција, но дека ќе ѝ треба време за да закрепне.

Легендата на француското кино Денев (76) го доби прекарот „Ледена девица“ поради нејзината убавина и одвоеност.

Таа е најпозната по својот настап во филмот Belle de Jour во 1967 година.

Филмот, во режија на Луис Буњуел, се сметаше за вулгарен во тоа време поради портрет на домаќинка која се оддала на проституција за да ги пополни попладневните часови.

Филмот е приказна за една млада жена која попладне е проститутка од висока класа додека сопругот е на работа.

Во последните неколку недели иконата на француското кино го снима филмот De Son Vivan на режисерот Емануел Беркот./Makfax