Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Позната македонска банка ги предупреди клиентите – На интернет се шири измама

Охридска банка информира дека непознати сторители, злоупотребувајќи го идентитетот на Банката преку лажно претставување, се обидуваат да извлечат лични податоци на клиенти на Банката и на општата јавност.

– Забележани се два вида напади. Во првиот случај на фишинг напад, непознат праќач од лажна меил адресата ohridska.banka@obsg.com праќа известување за добиена дознака од странство со прикачен .rar документ, што не е официјална меил адреса за комуникација на Банката. Во вториот случај, лажна Фејсбук страница именувана „Охридска банка“ повика на учество во наводна наградна игра и контактира Фејсбук корисници да достават слика од лична карта, број на трансакциска сметка и слика на бела позадина, појаснуваат од банката.

Во соопштението истакнуваат дека Охридска банка нема никаква поврзаност со наведените меил адреси и лажната Фејсбук страница и дека не организира наградна игра.

Банката апелира до сите клиенти, како и општата јавност, со крајно внимание да ги употребува и доставува за обработка, личните податоци, особено во последниот период кога се зачестени обиди за крадење лични податоци со лажно претставување во име на засегнати страни.

Банката препорачува да се следат насоките на Дирекцијата за заштита на лични податоци за вакви ситуации и известува дека веќе го пријави овој случај во компанијата Фејсбук, како и во Министерството за внатрешни работи.

Во тренд…