Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Полнете резервоари: Поскапува бензинот

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ, регуларно една недела по последната промена на цените на горивата во земјава.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, односно за 1,00 ден/лит. Согласно тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/литар.

Новата цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,134 ден/кг.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Граѓаните и фирмите должат за данок над 12 милијарди денари

ДЕСК

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК