11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трајчевски: Доколку има кафуле на зелениот покрив, за ГТЦ проектот би бил самоодржлив

Постоењето на кафуле на просторот на зелениот кров е во секој случај идеја чија практичност сметаме дека е несомнена. Повеќе од јасно е дека придобивките од кафуле на тој простор би биле повеќеслојни – како за посетителите, така и за самиот ГТЦ, вели во интервју за Локално директорот на Градскиот Трговски Центар, Ѓоко Трајчевски.

Според него, на тој начин, посетителите би имале можност почесто да ја посетуваат и да уживаат во зелената градина, а доколку би имало кафуле, за ГТЦ проектот би бил самоодржлив.

„Не треба да се заборави дека таа зелена градина треба да се одржува, како и во неа понатаму да се вложува. Со постоењето на кафуле, на извесен начин би биле покриени дел од тие трошоци кои ќе се генерираат за ГТЦ. Што се однесува до тоа дали ќе има кафуле или некаков друг тип на понуда за посетителите, во моментот се уште не се размислува на таа тема. Сите кои учествуваат во овој проект се максимално насочени негово успешно завршување и пуштање во употреба“, вели тој во интервјуто.

Целото интервју прочитајте го на Локално.мк.

Спонзорирано: