Деветнаесетгодишен скопјанец вчера на автопатот Миладиновци – Штип, кај клучка за с.Преод, со автомобил „голф“ изгубил контрола и излетал надвор од патот.
Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, а сопатникот А.С.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Свети Николе./Makfax