Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Казнети 350 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје за една недела санкционираа 350 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 28.10. до 04.11.2019 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 178 непрописно паркирани возила, од кои четри (4) несовесно паркирани возила на паркинг-места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување механичко средство блокатор санкционирани се 172 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници- езиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар, се вели во соопштението.