-Како одговорна партија посветени сме на реализација на мерките што обезбедуваат повиоки плати и подобри услови за работа. Кога ја презедовме одговорноста да управуваме, ветивме дека ќе инвестираме во здравството со цел лекарите да останат во јавното здравство. Вложуваме во повисоки плати на здравствените работници. Просечната плата во здравството денес изнесува 29.763 денари. Тоа е за над 4.700 денари повеќе во однос на мај 2017 кога таа изнесувала безмалку 25.000 денари, изјави на денешната прес конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
-За споредба, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата во здравството за седум години пораснала само за нешто помалку од 3.200 денари. Растот на просечната плата во здравството од над 4.700 денари за само две и пол години покажува дека сме на прав пат. Со таквото зголемување на платите ги мотивираме медицинските работници за уште поголема посветеност во давањето здравствена грижа на граѓаните. Правиме се за да ги задржиме лекарите во јавното здравство. Во таа насока е и зголемувањето на бодот за капитација на матичните лекари, стоматолози и гинеколози како и зголемените коефициенти за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа. Остануваме посветени на реализација на мерките што носат повисоки плати и поквалитетна здравствена заштита. Платите во здравството ќе продолжат да растат, бидејќи здравјето на граѓаните е наш приоритет, рече Тасевска.