Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Патот Бутел – Љуботен е клучен за 5.000 граѓани и овозможува развој на руралниот туризам

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на настан по повод почнувањето на градежните работи на патот од населбата Бутел до селото Љуботен.

Тој беше во друштво на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски.

Истакнувајќи дека реконструкцијата и проширувањето на патната делница со должина од шест километри меѓу Бутел и селото Љуботен е исклучително важна заради обезбедување добра поврзаност на населените места со градот Скопје, премиерот Заев истакна дека ова е само почеток за отворање можност за развој на руралниот, односно селскиот туризам, но и овозможување полесен пристап и комуникациска поврзаност на земјоделците.

„Благодарам на силните капацитети што Општина Бутел можеше да ги смогне со овие повеќе од 12 милиони денари, односно над 200 илјади евра. Ние партиципираме со нешто повеќе од 11 милиони денари преку проектите за поддршка на руралниот развој за овој пат. По 28 години, од 1991 година, кога последната реконструкција била направена со самопридонес, конечно, државата и Општината учествуваат и со тоа покажуваат кон својот народ дека инвестираме, инвестираме ваши пари. Тоа се вашите пари што ги плаќате преку даноци и во општината и во државата“, истакна премиерот Заев обраќајќи се пред присутните граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +