Centar.mk
фото Општина Битола
ЛОКАЛНО

Работен состанок на зимската служба за навремено делување во Општина Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски присуствуваше на работната средба со претставниците на зимската служба на Општина Битола, во која се вклучени повеќе надлежни претпријатија и институции од градот.

Целта на координирање на активностите е во насока на навремено делување на терен за претстојната сезона 2026-2027 година.

За програмата на службата информираше раководителката на Одделението за комунални дејности Марјана Спасевска, а градоначалникот на Битола Тони Коњановски ја потенцираше важноста од ефикасно спроведување на предвидените активности со цел навремено функционирање на зимската служба.

Инаку програмата на зимската служба за сезоната 2026-2027 година беше донесена од страна на Советот на Општина Битола.

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната

ДЕСК

БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Прекин од 9 часот, не е утврдено кога ќе завршат работите

ДЕСК

СКОПЈЕ ГИ ПОВИКУВА НАЈМЛАДИТЕ – Новогодишните желби ќе се собираат од утре

ДЕСК